Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа за ФК Вардар ген.2005 против Шкендија, ген.2006 без бодови во Тетово
Победа за ФК Вардар ген.2005 против Шкендија, ген.2006 без бодови во Тетово

Победа за ФК Вардар ген.2005 против Шкендија, ген.2006 без бодови во Тетово

Денес во Тетово, првото пролетно коло во рамките на регионалната-скопска лига го одиграа генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар кои гостуваа на Шкендија. Вардаровите екипи остварија половичен успех на овие натпревари, односно една победа и еден пораз.

Генерацијата 2006 на Вардар после 14 последователни победи го доживеаа и првиот пораз сезонава. Шкендија беше подобра од нашите млади надежи, кои не совладаа со резултат 2:1. Домашниот тим по првото полувреме имаше минимална предност од 1:0 со погодок од белата точка, која истата ја зголеми на 2:0 во 67 минута. Алтин Алији се погрижи да го постигнеме почесниот гол за намалување на 2:1.  Сепак немаше многу време за евентуално израмнување, со оглед дека погодокот беше постигнат на четири минути пред крајот на дуелот. Избраниците на Спасески имаа неколку добри шанси во вториот дел, при негатива од еден гол, сепак не успеавме да ги искористиме, а противникот тоа знаеше добро да го искористи.

Вардар: Данстак, Ајетовиќ, Јанкоски, Величковски, Алији, Николовски (c), Николов, Настевски, Нурединовски, Миовски, Спасовски.

Генерацијата 2005 на Вардар дојде до 13.победа за нив оваа сезона. Тие тргнаа офанзивно на самиот почеток, ние веднаш тргнавме во атак на голот на тетовци. Предноста беше остварена веќе во првата минута од овој прв дуел. Антевски Кристијан погоди за 0-1, што подоцна се покажа како конечен резултат за првиот дел од оваа средба. Ние и во вториот дел атакувавме да ја удвоиме предноста со цел да ги осигураме трите бода. Во 61.минута капитенот, Величковски Никола погоди за предност со 0-2, резултат со кој дојдовме до победа.

Вардар: Филевски, Јакимовски, Таневски, Јовановски, Спасиќ, Величковски, Цветков, Антевски, Дошев, Серафимов и Кулуковски.