Вчера на теренот на Академијата, неколку генерации на ФК Вардар имаа пријателски натпревари. Меѓу нив беше и генерацијата 2010 која е предводена од Боби Андоновски. Младите вардарци за противник ја имаа екипата на Форца, дуел кој заврши во наша корист. Видовме борбен натпревар со добри акции.
Погледнете само неколку фотографии од овој контролен натпревар, додека фотогалеријата ќе ја поставиме во следните денови на нашиот веб сајт.