Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерација 2014 на ФК Вардар ќе настапи на турнир во Бутел
Генерација 2014 на ФК Вардар ќе настапи на турнир во Бутел

Генерација 2014 на ФК Вардар ќе настапи на турнир во Бутел

Генерацијата 2014 годинава ќе настапи на својот прв турнир. Нашите млади надежи ќе земат учество на новогодишниот турнир кој е во организација на ФК БУТЕЛ 2017, кој ќе се игра во периодот од 21-24.12 во салата „Антон Димитров“ во Бутел.

Вардаровите надежи се дел од групата Б, во која се и екипите на Брегалница, Караџов и Смилковци.

Со натпревари започнуваме во сабота (23.12), во рамките на првото коло за противник ја имаме екипата на Брегалница, натпревар кој ќе започне од 15:30 часот. Истиов ден ги играме и останатите два натпревари во групната фаза, против екипата Караџов (17:30) и Смилковци (18:50).

Екипите кои ќе се пласираат на првите две места во групата ќе играат во полуфиналето.