Викендов гостин на фудбалскиот клуб Вардар, беше екипата на Национал од Софија. Контролни натпревари за овој противник одиграа три црвено-црни генерации. Една од нив беше и генерацијата родени “2003“ година кои славеа убедлива победа со резултат 9:1. Дарио Јовановски и Дарко Младеновиќ постигнаа по три гола, додека по еднаш успешно стрелаа и Антонио Мирков и Герг Стојановски.