Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Победи за РК Урдаревски кај генер. 2002/03 во машкиот дел и РК Вардар-Виница во женскиот дел кај генер. 2000/01
Победи за РК Урдаревски кај генер. 2002/03 во машкиот дел и РК Вардар-Виница во женскиот дел кај генер. 2000/01

Победи за РК Урдаревски кај генер. 2002/03 во машкиот дел и РК Вардар-Виница во женскиот дел кај генер. 2000/01

На последните два натпревари од првото пролетно коло во ракометната “Јуниор“ лига кои се одиграа на Кале победи забележаа машката екипа на РК Урдаревски и женската на РК Вардар-Виница.

Во машкиот дел кај генерација родени 2002/03 се сретнаа екипите на ГРК Гостивар и РК Урдаревски. Победата им припадна на тимот на РК Урдаревски, кој славеше со резултат 13:15. Урдаревски имаше добар старт на натпреварот каде поведе со 0:3 и 1:4, по што екипата на Гостивар успева да намали на 4:5. До крајот на првото полувреме, Урдаревски ја враќа предноста од три голови разлика и на одмор се заминува со резултат 4:7. На стартот на вториот дел, избранциците на Селмани успеваат да постигнат три псоледователни голови и да го израмнат резултатот на 7:7. Сепак во наредниот период повторно Урдаревски го возбраќа ударот и со серија од 1:4 зголемуваат на 8:11. По оваа предност, Гостивар немаше сили повторно да се врати во мечот. Иако намали на 12:13, сепак Урдаревски не дозволи да ја испуштат победата од раце и на крајот заслужено славеа со резултат 13:15. Ѓорѓи Пејковски постигна 6 голови кај победникот, додека кај Гостивар се истакна Ѓорѓија Стојчески со 5 погодоци.

e2

На последниот меч одигран во големата сала на С.Ц. Јане Сандански, во женскиот дел кај генерација “2002/03 триумф оствари РК Вардар-Виница во дуел против екипата на РК Будимир. На почетокот на мечот се играше гол за гол и ниедна од едките немаа предност поголема од еден гол. Тоа беше се до резултат 3:4, кога екипата од Виница постигна три последователни голови и зголеми на 3:7. Иако имаа и највисоки шест голови 5:11, до крајот на првото полувреме тимот на Будимир го намали резултатот на 9:13. За да нема неизвесност во вториот дел се погрижи екипата на Вардар-Виница, која направи серија од 1:5 за убедливо водство од 10:18. До крајот на натпреварот немаше никаква неизвесност и РК Вардар-Виница славеше убедлива победа со резултат 16:25. Кај РК Будмир Олгица Јованова постигна 8 голови, додека кај екипата од Виница најдобра беше Кристина Милчева со 13 голови.

e