Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Георг Стојановски со девет гола му донесе финале на Вардар (2) кај генер. 2004, додека Вардар (1) загуби во полуфиналето и ќе игра за трето место
Георг Стојановски со девет гола му донесе финале на Вардар (2) кај генер. 2004, додека Вардар (1) загуби во полуфиналето и ќе игра за трето место

Георг Стојановски со девет гола му донесе финале на Вардар (2) кај генер. 2004, додека Вардар (1) загуби во полуфиналето и ќе игра за трето место

Познати се финалистите во генерацијата родени 2004 на завршниот турнир во детската лига. Денес двете екипи на Ане Андовски ги одиграа и полуфиналните дуели, каде забележаа победа и пораз.

Вардар (2) се пласираше во големото финале на детската лига, откако во полуфиналето ја совладаа екипата на ЛГ Битола. Конечниот резултат на крајот гласеше убедливо во наша корист, со резултат 12:1. Дури девет гола на овој натпревар постигна Георг Стојановски, додека три беа дело на Горазд Попов.

vardarfans-2

Првата поголема шанса ја имаше Георг Стојановски, кој ја погоди пречката од голот на битолчани. Врати противникот со шанса, но нивниот удар завршува покрај голот на Тасев. Георг Стојановски успева да го донесе Вардар, во водство од 1:0 и тоа со удар од белата точка. Набрзина врати екипата на ЛГ Битола, која го израмни резултатот на 1:1. До крајот на првото полувреме, проследивме уште два погодоци во мрежата на противникот и тоа двата гола беа дело на Георг Стојановски, за резултат од 3:1, на полувреме.

vardarfans-ancevski

И во вториот дел доминиравме на теренот и не му дозволивме на противникот многу да се изнаигра. Гол шоуто на Стојановски продолжи и во вториот дел, кога со неговиот четврти гол зголемуваме на 4:1. Во листата на стрелци се запишува и друг играч, Горазд Попов по одличен соло продор носи предност на црвено-црните од 5:1. Продолживме со добрата игра, која ни донесе нови шанси и погодоци. Следиме петти гол на Георг Стојановски, кој му носи предност на Вардар од 6:1, со удар од белата точка. Во продолжение од мечот, го зголемуваме резултатот на 7:1, со погодокот на Горазд Попов. Стојановски не мислеше да застане со погодоците и продолжува да ја тресе противничката мрежа. Со неговиот нов гол, го зголемуваме водството на 8:1. Марио Сурлов се најде во две прилики,кои голманот на ЛГ Битола успешно ги брани. До крајот на мечот уште четири голови во мрежата на противникот. Дури уште три гола беа дело на Георг Стојановски, а еден погодокок беше за Горазд Попов, за конечни 12:1 на овој натпревар.

vardarfans-pobeda

Во другото полуфинале, се сретнаа екипите на Вардар (1) и Шкендија. На овој меч, паднаа дури 17 голови, а конечниот резултат гласеше 7:10 за екипата од Тетово. Многу лошо го започнавме мечот, каде противникот на стартот постигна два брзи гола и поведе со 0:2. За работите да бидат полоши, ние промашуваме пенал, преку Софијаноски кој шутира силно над голот на противникот. Шкендија бргу казни и во следната акација успева да постигне гол и да зголеми на 0:3. Кај нас, Гуџуфи имаше добра шанса, но голманот го брани неговиот удар. До крајот на првиот дел, успеваме да го намалиме резултатот на 1:3 со удар од белата точка, откако екипата од Тетово направи три корни. Сега сигурен реализатор беше Никола Павлески. Шкендија можеше на полувреме да оди со поголемо водство, но Василев спасува погодок.

vardarfans-poraz

Во второто полувреме, Шкендија во првите пет минути постигна два нови гола и зголеми на 1:5. Нетипчно за оваа екипа на Вардар, која денес прими многу голови во својата мрежа. Лошо делуваше последната дефанзивна линија, што во целост го искористи екипата на Шкендија. Марко Софијаноски успеа да постигне гол и за момент да го намали резултатот на 2:5. Сепак и понатаму лошо игравме, а шансите пред нашиот гол се редеа во секоја измината минута. Со нови три голови во серија екипата на Шкендија успева да стигне до убедливи 2:8, на средината од второто полувреме. Касно се разбудивме, кога на теренот гледавме сосема поинаков Вардар, онаков како што сме навикнати да го гледаме претходно. Следуваат дури четири наши последовалтени голови, за доближување до противникот. Следните три гола во серија ги постигнува Матео Софијаноски, кој го намалува резултатот на 6:8. Голема прилика имавме и преку Гуџуфи, кој ја погоди пречката од голот на Шкендија. Сепак немавме сили за да направиме комплетен резултатски пресврт и тука застанавме. Противникот се созема и врати со два гола во нашата мрежа, за предност од 6:10. Последниот гол на натпреварот беше дело на Матео Софијаноски, кој ги постави конечните 7:10 на овој натпревар.

vardarfans-vardar-1

Во петок во големото финале, кај генерацијата родени 2004 година, ќе играат екипите на Вардар (2) и Шкендија, додека за третото место ќе се борат, Вардар (1) и ЛГ Битола.