Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар(1)  генер.2007  се пласираше во финалето и ќе се бори за “злато“, Вардар (2) ќе настапи во мечот за “бронза“
ФК Вардар(1)  генер.2007  се пласираше во финалето и ќе се бори за “злато“, Вардар (2) ќе настапи во мечот за “бронза“

ФК Вардар(1)  генер.2007  се пласираше во финалето и ќе се бори за “злато“, Вардар (2) ќе настапи во мечот за “бронза“

Избраниците на Зоран Петковски утрово одлично одиграа и со двете победи во четвртфиналните дуели обезбедија место во полуфиналните мечеви. Во истите ФК Вардар (1) генерација 2007 дојде до победа и пласман во финалето, а ФК Вардар(2) ќе игра во мечот за “бронза“.

Екипата на ФК Вардар (1) во полуфиналето се сретна со тимот на Фудбал Старс, нашите момци покажаа дека се неколку класи подобри од својот ривал.  Марко Киш имаша прилика прв, тој шутна крај голот. Брзо поведовме со 3-0 откако Стефан Младеновски погоди за 1-0, и со двата гола на Марко Киш отидовме рано на висока предност, односно поведовме со 3-0. Прилика за погодок имаше Милош Спасовски во продолжение.  За 4-0 погоди Алексадар Грашевски, а за 5-0 Борјан Томовски.  Во продолжение постојано напаѓавме сепак непогодувавме. Во финишот успеавме да постигнеме нови два  брзи гола и на одмор да отидеме со наша предност од 7-0. Стрелец  на головите беше Лебариќ. Во последната минута од ова полуфинале кај генерацијата родени 2007 и помали добивме пенал по три корни. Истиот успешно го погоди голманот на црвено-црните Лука Јаневски. Тој рутинирано како напаѓач погоди за 8-0, резултат со кој се замина на одмор.

vardarfans-1

Вториот дел почна со голема офанзива на црвено-црната генерација 2007, ние по само пет минути игра постигнавме нови четири гола со кои поведовме со 12-0 во ова полуфинале и покажавме дека Фудбал Старс нема што да бара во овој дуел. Стрелци на тие голови беа двајца играчи кои погодија по два пати, станува збор за Марко Киш и Емир  Шаботиќ кои ја наполнија мрежата на својот противник.  Доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра на овој натпревар во продолжение.  Финалето го “визиравме“ со  15-0 резултат на крајот. Последните три гола за избраниците на Зоран Петковски  ги постигнаа Марко Крстевски, Лука Атанасовски и Милош Спасовски. Со оваа победа си закажавме финале со екипата на Фер Плеј од Охрид.

Во второто полуфинале бевме поразени, сепак покажавме “срце“ и голема борбеност во истото. ФК Вардар генерација 2007 (2) се сретна со екипата на Фер плеј од Охрид. Натпеварот почан со мирна игра во која двата тима играат претежно на средина од теренот. Први со гол за 0-1 мечот го отворија охриѓани. Ние се трудевме потоа да изедначиме и да се вратиме во игра за финале со првиот тим на оваа генерација.  Никола Јоваковски и Радески Златко имаа по една прилика за изедначување која не ја претоврија во погодок. Нашиот противник имаше две сериозни прилики кои нашиот голман Јоце спасовски одлично ги одбрани.  Радески Златко имаше во продолжение уште две прилики да ја затресе мрежата на нашиот ривал во кои неуспеаа. Изедначивме од слободен удар, за 1-1 успешно стрелаше Никола Јовановски.  Прилика за наше водство имавме преку  Петар Котевски која не ја реализиравме. Охриѓани од слободен удар постигнаа гол за 1-2 , резултат со кој се замина на одмор.

6

Во вториот дел од ова полуфинале кај генерацијата 2007 почнавме со офанзива. Петар Котевски ја имаше првата прилика на натпреварот во вториот дел.  Следеше цврста игра потоа на двата млади фудбалски колектива на теренот. Имавме неколку шанси за изедначување, од кој двете најзрели ги имаше Никола Јовановски. Во првата од слободен удар шутна одлично, сепак не го посака топката која удри силно во десниот директ од голот на Фер Плеј. Во втората шутна одлично од 15 метра по еден соло продор.

4

За жал серијата неискористени шанси беа казнети од противникот кој по една полу-контра погоди за 1-3.  Никола Јовановски погоди во продолжение и ја врати андежта, тој со удар од дистанца намали на 2-3.  Се обидувавме во продолжение да изедначиме сепак неуспеавме, од  слободен удар охриѓани погодија за резултат 2-4 со кој заврши овој дуел. Младите вардарци по петок после поразот ќе игаат во малато финале и ќе се борат за “бронза“.