Генерацијата на ФК Вардар родени “2007“ година изминатиов викенд беа дел од силен меѓународен турнир во Загреб, на кој стигнаа во осумте најдобри екипи на овој турнир.
Избраниците на Томче Трајановски во четврфиналето беа поразени од екипата на Олимпија Љубљана, со резултат 0:3. Уште во првата минута беше досуден пенал за противникот, па нашите надежи паднаа психички и до крајот беа поразени. Претходно во осминафиналето бевме подобри од екипата на Карловац, која ја совладавме со резултат 2:0, со головите на Емир Шаботиќ и Александар Грашески. Во групата одигравме три натпревари и остваривме исто толку победи.
Генерацијата “2007“ во групната фаза ги доби дуелите со екипите на Кустошија (1:0), потоа Посушје (1:0) и Врбовец (2:0)