Вардаровиот столб на одбраната, српскиот интернационалец Илија Абутовиќ го одигра последниот натпревар за Вардар во полуфиналето на Ф4 против Монпелје. Тој не можеше да настапи со своите соиграчи против ПСЖ, поради повреда. Веројатно тоа беше последен меч во овие седум години во црвено-црниот дрес. Од есен повеќе нема да биде дел од нашиот клуб, но сепак одлични спомени ќе го врзуваат за Вардар.
Јас многу сум среќен што поминав седум сезони во РК Вардар. Ги засакав и Скопје и Македонија, овде освоив многу титули, благодарен сум на сите. Не ми беше ни на крај памет дека ќе ја освојам Лигата на шампионите и толку други титули кога доаѓав во Скопје- вели Абутовиќ.