Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до седмата победа во првенството, откако го добија дербито против екипата на Металург. Овој меч се одигра на академијата и заврши во корист на црвено-црните со резултат 2:1. Со тоа продолжи одличната серија на оваа генерација, која се наоѓа на првото место на табелета. Пионерите на ФК Вардар по осум одиграни кола имаат седум победи и само еден нерешен резулат. Во триумфот против тимот од железарница погодија Александар Ѓорѓиески и Милан Благојевиќ. Централниот дефанзивец на Вардар, Ѓорѓиески за нашиот сајт на краткко ги сподели впечатоците од новата победа.
-Натпреварот против Металург помина во најдобро светло. Знаевме дека овај натпревар ќе биде тежок , дека противникот ќе има голема желба за победа, но ние во мечот влеговме максимално сконцентрирано и го добивме заслужено овој меч . Презадоволен сум од мојата игра, а исто така и од играта на тимот. До крајот на ова полусезона очекувам да ја задржиме лидерската позиција на табелата и да се пласираме во следната фаза од купот, изјави Александар Ѓеоргиески за нашиот сајт.
Звонко Ивановски