Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЈУНИОР ЛИГА: Кај генер.02/03(ж) Н.Лисиче-Вардар триумфираше со А.Будимир Вардар, О.К. Вода и Шампион одиграа реми
ЈУНИОР ЛИГА: Кај генер.02/03(ж) Н.Лисиче-Вардар триумфираше со А.Будимир Вардар,  О.К. Вода и  Шампион одиграа реми

ЈУНИОР ЛИГА: Кај генер.02/03(ж) Н.Лисиче-Вардар триумфираше со А.Будимир Вардар, О.К. Вода и Шампион одиграа реми

Вчера во спортскиот центар “Јане Сандански“ во малата сала  се одигра првото коло од ракометната Вардар Јуниор лига од втората сезона во истата. Кај младите дами во генерацијата 2002/2003 се одиграа два дуела. Во едниот екипата на  Ново Лисиче-Вардар беше подобра  тимот на А.Будимир Вардар, а во другиот  Опш. Кисела Вода и  Шампион Вардар ги поделија бодовите.

Во првиот дуел кај девојките родени 2002/2003 години   се сретнаа екипите на Ново Лисиче-Вардар и тимот на А.Будимир Вардар. Први поведоа девојките од Ново Лисиче со 3-0. Потоа следуваше игра гол за гол, двете екипи погодија по трипати за резултат 6-3. Во финишот на првиот дел следеа минути на  екипата на А.Будимир Вардар. тие прават серија 1-3 во моментите кога ја подобрија одбраната, таа игра ја наградуваат во нападот. На одмор се заминува со резултат 7-6.
Вториот дел почна со два последователни гола за екипата на Ново Лисиче Вардар, кои ја вратија предноста од “три плус“, односно поведоа со 9-6. Сепак малдите дами од екипата на А.Будимир Вардар не се предаваа, тргнаа повторно да ја топат предноста на своите сопернички. Прават серија 1-4 и доаѓаат во егал ситуација, изедначувајќи на  10-10 во самиот финиш. Сепак девојките од Ново Лисиче во последните моменти се повешти и однесуваат победа со 12-10 на овој дуел. Најефикасни кај победничките беа Коцева Борјана со пет погодоци, а Бојана  Коцева заврши со четири гола.

Во другиот  дуел се сретнаа Опш. Кисела Вода-Вардар и тимот на Шампион Вардар. Овој меч за разлика од преходниот во оваа генерација беше помалку ефикасен со многу повеќе акцент на одбраната на двете екипи. Првиот дел со погодок го отворија ракометарките на  Шампион Вардар. На овој погодок веднаш нивните противнички одговорија и дојде до резултатска симетрија, 1-1. Тимот на Опш. Кисела Вода-Вардар по водството на почетокот од 0-1 на противникот со серија 3-0, го презема водството и поведува со 3-1. Сепак девојките од Шампион со два последователни гола изедначуваат на 3-3. До крајот на првиот дел Опш. Кисела Вода-Вардар постигнува погодок, неприма во својата мрежа ниеден , и заминува на одмор со предност од 4-3.
Вториот дел почнува со три последователни голови, односно серија 0-3. По истата екипата на Шампион Вардар поведува со 4-6 и е доста поблиску до триуфм на овој меч кај девојките редени 2002 и 2003 година во првото коло од ракометната Вардар Јуниор лига. Сепак Опш. Кисела Вода-Вардар прави во продолжение серија 4-1 преземајќи го финишот водството и поведувајќи со 8-7. Девојките на Шампион несакаа и недозволија да бидат поразени постигнувајќи гол за 8-8 обезбедија реми и поделба на бодовите.