Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Марио Гичев: Амбициите ни растат после секоја победа, кога тимот го исполнува тоа што го замислува тренерот пред самиот натпревар победата е неизбежна
Марио Гичев: Амбициите ни растат после секоја победа, кога тимот го исполнува тоа што го замислува тренерот пред самиот натпревар победата е неизбежна

Марио Гичев: Амбициите ни растат после секоја победа, кога тимот го исполнува тоа што го замислува тренерот пред самиот натпревар победата е неизбежна

Екипата на РК Вардар 2 успеа да ја продолжи серијата на победа која трае од почетокот на сезоната. Во рамките на четвртото коло од првата ракометна лига, избраниците на Зоран Петковски на Кале беа подобри од екипата на Тиквеш. Младите Вардарци одиграа одличен меч и славеа триумф со резултат 40:20. Нов одличен натпревар за оваа екипа, која покажува добри игри и резултати во лигата. Неколку ракометари на овој дуел постигнаа по 5 гола, меѓу нив беше и Марио Гичев.

-Самата подготовка за овај натпревар беше голема. Знаевме дека тимот на Тиквеш од Кавадарци е искусен со возрасни играчи и самиот пристап кој го направи мојот тим беше одличен. Искрено не очекувавме победа со 20 разлика, но кога тимот го исполнува тоа што го замислува тренерот пред самиот натпревар, победата е неизбежна. Од она што го прикажавме јас и моите соиграчи сум презадоволен, а највеќе ми остави впечаток тоа што не престанавме да ја зголемуваме разликата.

Желбата за докажување е голема кај секој од играчите кои настапуваат за оваа екипа. Можноста да играат со повозрасни и поискусни екипи е само мотив повеќе за Вардарци да се прикажат во најдобро издание на секој нареден меч.

-Амбициите ни растат после секоја победа. Нема што да криеме, ако на почетокот на сезоната целта ни беше да се носиме со екипите и да оствариме скромен резултат сега не интересира само врвот на табелата. Можеби очекувам многу од нашиот тим, но досегашните резултати ни даваат за право за тоа.

Во следното коло, избраниците на Зоран Петковски ќе гостуваат во Ѓорче, против тимот кој оваа сезона исто така прикажува добри игри.

-Следен натпревар играме на гостински терен со екипата на Ѓорче Петров. Овој тим е еден од фаворитите за првите места во првата лига и без сомнение ќе биде наш најсериозен противник до сега. На нас ни останува максимално да се подготвиме за овој натпревар и да го прикажеме замисленото на нашиот тренер, изјави Марио Гичев за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски