Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Циндриќ: Нексе беше добар на почетокот, сепак најдовме начин да триумфираме
Гонзалес и Циндриќ: Нексе беше добар на почетокот, сепак најдовме начин да триумфираме

Гонзалес и Циндриќ: Нексе беше добар на почетокот, сепак најдовме начин да триумфираме

Нашиот шампион Вардар  во Хрватска завчера одигра меч во Л.Ш со ППД Загреб , а во текот на вчерашниот ден  одигра меч од регионалната СЕХА Гаспром лига со вториот хрватски тим во истата Нексе. Натпреварот  нашите момци го добија со резултат 27-30. На стандардната прес конференција по дуелот Шпанецот Раул Гонзалес, тренерот на РК Вардар. за овој меч во регионалната лига изјави:

Знаевме дека Нексе е одлична екипа особено по нивната победа над Мешков. Не изненадија на почетокот со одбраната 5-1. После тоа, и нивното водство и ние направивм некои промени, одигравме подобро и со неколку контранапади направивме пресврт. Нексе играше многу добро во текот на целиот натпревар.

Најефикасниот на овој дуел во црвено-црните редови хрватскиот интернационалец Лука Циндриќ , го изјави следново:

После поразот од Загреб бевме и физички и психички истоштени. Затоа не сакавме да загубиме и во втор меч по ред. Нексе одигра подобро на почетокот на натпреварот, имаа и предност. По таквиот почеток нивните грешки ги казнувавме со неколку лесни голови, создадовме предност што потоа не ја испуштивме.