Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Четвртфинале за Вардаровите генер. “2006“ и “2007“ на меѓународниот турнир “Кул Куп“
Четвртфинале за Вардаровите генер. “2006“ и “2007“ на меѓународниот турнир “Кул Куп“

Четвртфинале за Вардаровите генер. “2006“ и “2007“ на меѓународниот турнир “Кул Куп“

Двете генерации на фудбалскиот клуб Вардар, родени “2006“ и “2007“ година обезбедија четвртфинале на турнирот “Кул Куп“ кој се игра во населбите Карпош и Кисела Вода. Двете екипи забележаа нови победи и очекувано се палсираа во осумте најдобри екипи на овој силен меѓународен турнир.

Генерацијата родени “2007“ година по стартната победа во првото коло, вчера одигра уште два меча кои ги доби убедливо во своја корист. Најпрво одигравме дуел против тимот  на Кул Пандев, кој го добивме со резултат 4:1. Александар Грашески постигна два гола, додека по еден беа дело на Борјан Томовски и Петар Мицевски. До крајот на вчерашниот ден одигравме уште еден меч, против екипата на Албион и тука славевме со високи 4:0. Головите на овој натпревар ги постигнаа Милош Спасовски, Марко Крстевски, Петар Мицевски и Лука Атанасовски.

Денес со почеток од 10:20 часот во 1/4 се среќаваме со екипата на Буба Мара

Две победи забележа и генерацијата “2006“, која исто така се пласираше во четвртфиналната рунда. Најпрво силите ги одмеривме со екипата на Скупи, која ја совладавме со резултат 2:1. По првото полувреме имавме водство од 2:1. Давид Голубов постигна два гола, додека еден беше дело на Дарко Сековски. Во последното коло од групата се сретнавме со екипата на Маџари. Тука противникот доживеа висок пораз од 7:0. Првите два гола беа дело на Михаил Танчев за водство од 1 и 2:0. Со овој резултат се замина на полувреме. Голубов беше следниот кој зголеми на 3:0. Во листата на стрелци се запишува и Сековски за веќе убедливи 4:0, додека последните три гола беа дело на Марко Николовски. Така запишавме уште еден нов триумф во групната фаза.

Во истиот термин, но во Карпош од 10:20 часот и оваа генерација го игра четвртиналниот меч против екипата на Работнички.