Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски за Вардар Фанс: Цела недела се фокусиравме на овој натпревар и ги анализиравме добро за секако да ги победиме
Гачевски за Вардар Фанс: Цела недела се фокусиравме на овој натпревар и ги анализиравме добро за секако да ги победиме

Гачевски за Вардар Фанс: Цела недела се фокусиравме на овој натпревар и ги анализиравме добро за секако да ги победиме

Јунак на вчерашниот натпревар беше нашиот голман Филип Гачевски. Гачевски продолжува да брани во сјајна форма. Овој пат, на неколку наврати успеа да фати чисти зицер позиции на Ибраими, Хасани и останатите. Нашиот голман повеќе од 180 минути нема примено гол во ПМФЛ. Гачевски во изјава за нашиот сајт ги пренесува своите импресии по натпреварот: Како го виде овој дуел, дали очекувавте победа, што пресуди за победа на овој дуел и тн.

Фала многу за честитките. Ова беше голема победа за целиот тим, цела недела се фокусиравме на овој натпревар и ги анализиравме добро за секако да ги победиме. Денес, тоа го покажавме и во сред Тетово, ова ни е најаважен меч во сезоната, исто така и другите натпревари се важни секако, но, со нашиот конкурент за титулата секогаш е важна победата. Овој натпревар е зад нас, сега ќе се подготвуваме за наредниот натпревар со Победа. Честитки до сите мои колеги и управата на Вардар, исто така честитки и до нашите навивачи и љубители на Вардар. – Изјави Гачевски за Вардар Фанс.