Фудбалерите на Вардар предводени од Никола Глигоров ги ,,запалија моторите” и веќе неколку дена тренираат во својата база и се подготвуваат за главните подготовки, односно заминувањето за Анталија кое е предвидено во понеделник.
Сеуште не се познати четирите противници на Вардар во Анталија, но позната е генералната проба пред стартот на пролетната полуетапа. Вардарци на 12-ти идниот месец во Скопје ќе ја пречекаат екипата на Беласица на главен ,,тест” пред стартот на ВМФЛ.
Вардар засега се засили со Филип Гачевски, Дарко Мицевски, повратникот Иван Мицевски и Ване Јованов.