Анте Гаџа ќе биде ракометарот на Вардар кој ќе продолжи со својата репрезентација да се натпреварува во следната фаза од Европското првенство. После воведниот пораз против Франција, во следните две кола, избраниците на Хорват успеаа да ги победат репрезентациите на Србија и Украина и како второпласирани да го продолжат претстојот на ЕП.
Хрватска немаше големи проблеми околу обезбедувањето на победа против репрезентацијата на Украина. Натпреварот заврши со триумф на Хрватска со резултат 25:38. Во осмата минута од натпреварот, Украина последен пат се најде во водство кога резултатот беше 6:5, по што следеше серија на Хрватска од 0:4 за предност од 6:9. Од тој момент немаа проблеми околу контрола на резултатот, па на полувреме заминаа со солидно водство од пет гола разлика (13:18). Немаше никакви неизвесности во вториот дел од натпреварот, селекторот Хорват им даде шанса за настап на сите ракометари кои до крајот одиграа рутински за конечна победа изразена со резултат 25:38.
Анте Гаџа се запиша во листата на стрелци, постигнувајќи 3 голови од исто толку упатени удари.
Србија за која настапува Дарко Ѓукиќ не успеа да ја помине групата, откако загуби во 3.коло од фаворитот Франција. Триколорите славеа триумф со резултат 29:25. После игра гол за гол во првите пет минути од натпреварот, Франција започна полека резултатски да се одлепува. Беше 6:3, па 9:5, за Франција да направи серија од 6:0 за уште во првото полувреме да имаат двоцифрена предност од 15:15. На полувреме, се замина со резултат 16:7.
Србија немаше сили, ниту квалитет да се врати во игра во второто полувреме. Едноставно Франција беше пресилна за овој состав на србите, кој на крајот мораа да се помират со пораз кој во последните пет минути од натпреварот успеаа да го ублажат. Франција имаше предност од 29:19, но им дозволија на србите да направат серија од 0:6.
Дарко Ѓукиќ настапи на овој натпревар и постигна 1 гол.