Македонија со три порази ги заврши натпреварите во групната фаза на ЕП кое се игра во Унарија и Словачка.
Данска се покажа како „пресилна“ за избраниците на Кирил Лазаров, кои на крајот мораа да се помират со висок пораз. Иако добро го започнавме натпреварот со предност од 4:0 после 7 минути игра, сепак, Данците не дозволија натпреварот да оди во лош правец за нив, па полека се враќаа во игра. Ја превзедоа предноста кога резулатот беше 5:6, и истата ја задржаа до крајот на првото полувреме, кога разликата беше зголемена на четири гола (11:115).
Данска немилосредно ги казнуваше нашите грешки и само ја зголемуваше предноста, која во еден момент беше и двоцифрена. Лазаров им даде шанса на сите ракометари за докажување. На крајот загубивме со резултат 21:31.
Од вардаровите играчи во листата на стрелци се запишаа Марко Мишевски и Филип Талески кои постигнаа по 3 гола. Македонија заврши на последното место во групата, додека пласман во следната фаза обезбедија Данска и Црна Гора.