На младинскиот европски турнир во Шопрон, Унгарија доминираа црвено-црните момци и дојдоа до четирите победи, покрај тоа Вардар ги собра и индивидуалните награди на турнирот.
Љубен Ефтимовски е прогласен за најкорисен играч, а Жарко Терзиевски, кој оствари трипл-дабл на вториот меч, е најперспективен кошаркар. Капитенот Григориј Ѓорѓевиќ е дел од идеалната петорка на турнирот.
Ефтимовски го заслужи признанието за најкорисен играч со дабл-дабл ефектот на овој турнир. Просечно постигнуваше по 27,75 поени и 12 скока по натпревар, а особно блескаше на последните два меча на кои имаше монструозен учиник: 31 поен и 16 скока против Сокол Прашки и 31 поен и 25 скока против Виена Јунајтед.
Вардар е на првото место по овој турнир, но му останува уште еден, од 17 до 20 февруари во полскиот град Радом.