Денеска селектор Игор Ангеловски го објави списокот на играчи за престојните две пријателски среби на Македонија против Словенија на гости и против Бугарија во Скопје. На списокот на Игор Ангеловски се најде и нашиот играч од средината на теренот Никола Глигоров. На овој список повикани се 18 фудбалери, а по подолга пауза се враќа и капитенот Горан Пандев. Првиот собир на репрезентацијата е во понеделник во Порторож.
Од нашата екипа повикан е само Глигоров за овие две пријателски средби, други играчи и овој пат не се повикани.