Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА: Дибиров во идеалната постава за март, Вујо тренер на месецот
СЕХА: Дибиров во идеалната постава  за март, Вујо тренер на месецот

СЕХА: Дибиров во идеалната постава за март, Вујо тренер на месецот

“Летачкиот русин“  крилото на црвено-црниот машки ракометен колектив Тимур Дибиров се најде во иделаната седморка  во регионалната  СЕХА Газпром лигата за овој  месец.

Овој вардаров играч веќе втор месец е во иделаниот тим на СЕХА Газпром лигата, во која докрај на регуларниот дел  останува да се игра уште еден меч оној во гости каде гостуваме на  Мешков Брест.  Овој меч избраниците на Раул Гонзалес ќе го играат на 29 март во Белорусија и истиот нема да влијае на паровите во Ф-4 турнирот во Вараждин.Таму ќе се сретнат во 1/2-финалето  Вардар  со  ППД Загреб и Веспрем со Мешков. Во иделниот тим покрај русинот има тројца играчи на Загреб и три од Веспрем. Најдобар тренер за овој месец е прогласен поранешниот стратег на црвено-црните, а сегашен на загрепчани Веселин Вујовиќ. Изборот на најдобрите за март изгледа вака:

Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек – Момир Илиќ (Веспрем)
Среден бек – Домагој Павловиќ (ППД Загреб)
Десен бек – Лука Шебетиќ (ППД Загреб)
Десно крило – Петер Гулјаш (Веспрем)
Пивот – Андреас Нилсон (Веспрем)
Голман – Иван Стевановиќ (ППД Загреб)

Тренер – Веселин Вујовиќ (ППД Загреб)