Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > И Хамбарџумјан со повик за Ерменија
И Хамбарџумјан со повик за Ерменија

И Хамбарџумјан со повик за Ерменија

Нашиот играч Хофханес Хамбарџумјан се наоѓа во моментов во животна форма. Популарниор Хоф оваа година игра одлично во црвено – црниот дрес, па селекторот на ерменската репрезентација мораше да прати повик до Хамбарџумјан да се придружи на својата репрезентација на престојните пријателски средби.

Хамбарџумјан досега има постигнато 6 голови во црвено – црниот дрес, досега Хамбарџумјан има само една поефикасна сезона зад себе, и тоа онаа во ерменскиот шампионат за екипата на Банантс, каде во една сезона постигна 7 голови. Очекуваме оваа сезона Хоф да ја надмине таа бројка од голови во нашиот црвено – црн дрес.