Во недела ќе се одигра второто пролетно коло во првенството на младинските фудбалски категории, за кадетската и младинската екипа на ФК Вардар. Кадетите ќе гостуваат во Прилеп, на екипата на Победа, мечот ќе започне од 12 часот. Црвено-црните после триумфот во дербито со Работнички се наоѓаат во одлична позиција на табелата и добро расположение пред ова гостување. Само триумф е императив за црвено-црните, кои сеуште се во трка за шампионската титула. Во есенскиот дел, Вардарци на домашен терен ја совладаа Победа со резултат 3:1. Нивниот играч Дејан Стоименов за нашиот сајт ги споделува очекувањата во пресрет на овој натпревар.
-Очекувања за дуелот со Победа се позитивни. Се надеваме на триумф бидејки треба да продолжиме да чекориме по патот кој го почнавме против Работнички и да ја задржиме победничката серија. Максимално се подготвуваме за гостувањето во Прилеп, сметам дека сме големи фаворити бидејки во есенскиот дел забележавме триумф и на табелата сме подобро пласирани од противникот. Расположението во екипата е на најголемо ниво, после големиот триумф над конкурентот за шампионската титула.
Оваа генерација се наоѓа и во полуфиналето на купот на Македонија. До крајот на сезоната има уште многу, затоа е потребно да се оди чекор по чекор.
-Работиме напорно секој ден, за секој нареден меч да го добиеме. Исто така не очекува и полуфинале во купот, каде се големи очекувањата да стигнеме во финалето. Во лигата моментално сме на треттата позиција, иако е рано да се зборува ние сме оптимисти за шампионската титула, изјави Дејан Стоименов за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски