Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Вардар 2 во сабота во Кавадарци ја продолжува битката за место кое води во супер лигата
РК Вардар 2 во сабота во Кавадарци ја продолжува битката за место кое води во супер лигата

РК Вардар 2 во сабота во Кавадарци ја продолжува битката за место кое води во супер лигата

Во сабота со почеток од 17 часот во Кавадарци, екипата на РК Вардар 2 ја продолжува битката во првата ракометна лига за место кое од следната сезона ќе води во најсилната супер лига. Избраниците на Стојан Петрушевски во второто пролетно коло ќе гостуваат на екипата на Тиквеш. Во првиот дел од сезоната младите Вардарци забележаа убедлив триумф со резултат 42:19.

РК Вардар 2 се наоѓа на второто место на табелата, кое води во плеј-оф за пласман во супер-лигата, додека Тиквеш е на деветтата позиција со само три остварени победи. Сигурно дека фаворитската улога се препушта на црвено-црните, која мора да се докаже на теренот. Минатото коло, кое беше прво во пролетниот дел, црвено-црните на Кале беа подобри од екипата на Риниа-М (20:16)