Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Интервју! Младен Донковски: Во двомечот со Хераклеа убеден сум дека ќе излеземе како победници
Интервју! Младен Донковски: Во двомечот со Хераклеа убеден сум дека ќе излеземе како победници

Интервју! Младен Донковски: Во двомечот со Хераклеа убеден сум дека ќе излеземе како победници

Црвено-црниот кугларски колектив поседува квалитетен ростер, еден од поквалитетните играчи на нашиот Вардар е одличниот куглар Младен Донковски.Тој во нашиот тим премина во јануари минатата година. Претходно во својата кариера има настапувано во тимот на Кк Империал Тобако. Ние како сајт кој ги пратиме сите тимови од големото црвено-црно семејство  ви го носиме интервјуто со овој вардарец.

Младен на полусезоната  беше 17-ти по поединечен просек со 536 “соборени дрва“, но оваа 2016 година ја дигна формата и стигна до 7 место во пролетната полусезона со својот просек од 576 “соборени дрва“, го прашуваме на што се должи тоа:

Велат дека “после дождот доаѓа сонце“. Есенскиот дел од веќе изминатата сезона бев во пад на формата, но желбата за надигрување со противниците и амбицијата која ја имавме, двојната круна, заедно со напорна работа на тренинзите, вроди со плод, и задоволителните резултати сами си дојдоа.

rr

Го прашуваме црвено-црното момче како е задоволен од својата форма и од формата на екипата предводена од клупата од “кугларскиот Мурињо“ Драги Димитровски:

Како што наведов претходно, не сум задоволен од прикажаното во есенскиот дел од сезоната, што неможам да го кажам истото и за пролетниот дел, каде што јас самиот сум задоволен од себе, со тоа што во куглањето секогаш може повеќе. Но, најмеродавно мислење за моите настапи може да даде тренерот. А, од тимот сум максимално задоволен, можеби среќата ни го сврте грбот во освојување на титулата, но се надевам дека таа ќе ни се насмевне во одбрана на Купот.

Вардарци за само 18 “соборени дрва“ ја изгубиа титулата од повеќекратниот шампион на Македонија екипата на Кк Макпетрол, побаравме од Младен да ни каже како е атмосферата по овој меч и пред следните предизвици во купот:

По поразот од КК Макпетрол во последното коло од веќе изминатата сезона и испуштање на титулата, моралот во екипата опадна, но со освојувањето на првото место во квалификацискиот турнир за Купот на Македонија, и релативно лесниот двомеч со КК Хераклеа во полуфиналето, зачинето со напорните тренинзи, атмосферата и моралот вртоглаво пораснаа и сите црвено-црни куглари се надеваат на одбрана на Купот.

oo

Следен предизвик е одбраната на трофејот во Купот на Македонија во куглање кој лани го освоивме , по минатите квалификации во сабота играме 1/2-финале со битоласка Хераклеа за овој дуел побаравме оценка и коментар од него:

Во сабота гостуваме на прилично тешката куглана во спортската сала Младост во Битола, кај Хераклеа. Квалитетот, дефинитивно е на наша страна, и ќе се обидеме да го оправдаме на стаза. Не исклучувам изненадување од гостувањето, но во двомечот со Хераклеа убеден сум дека ќе излеземе како победници. Очекувањата од овогодинешниот Куп, реванш на КК Макпетрол за изгубената титула и одбрана на Купот од претходната сезона. Верувам во успех.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ