Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар ќе одигра пријателска со Пирин во Бугарија
ФК Вардар ќе одигра пријателска со Пирин во Бугарија

ФК Вардар ќе одигра пријателска со Пирин во Бугарија

Вардар ќе ја искористи паузата за репрезентативни настапи  во која Бугарија ќе гостува во Скопје кај нашата А-селекција за одигрување на пријателски дуел со екипа од истата земја. Црвено-црните на 26-ти март ќе играат меч со “фенерџијата“ во најсилната фудалска лига на нашиот источен сосед ФК Пирин Благоевград.

Избраниците на Гоце Седлоски ќе отпатуваат во Благоевград  каде на стадионот “Христо Ботев“ кој има капацитет од 7,000 седишта ќе одиграат дуел со Пирин. Екипата од Благоевград моментално е последно пласирана во првата бугарска лига по 22 одиграни кола со само 16 освоени бода колку што има и екипата на Монтана која е место погоре. Седловски нема да може да смета на Глигоров и  Хамбарџумјан кој се повикани во сениорските селекции на Македонија и Ерменија, но и на  Велковски и Николов кој се повикани за квалификациите на младинската селекција предводена од поранешниот тренер на Вардар селекторот на У-21 Боби Милевски.