Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА: Дефинирана саатницата за Ф-4 турнирот во Вараждин
СЕХА: Дефинирана саатницата за Ф-4 турнирот во Вараждин

СЕХА: Дефинирана саатницата за Ф-4 турнирот во Вараждин

Како што веќе е познато завршниот турнир на најдобрите четири екипи во СЕХА-регионалната лига  по втор пат во историјата на ова натпреварување ќе се одигра во Хрватска, за град домаќин е одбран Вараждин. Како сериозен кандидат беше спомнуван и друг град од Хрватска Пореч, но тој не доби доверба за организирање на овој настан и во двата града ќе се играат мечеви од Европското првенство во Хрватска во 2018 година. Вараждин е близу до унгарската граница, тој е   на само 200 километри до Веспрем и е одлична можност за присуство на навивачи од Унгарија.

Донесена е одлука за саатниците на мечевите од Ф-4 турнир на најдобриот квартет во регионалната лига  да се одржи  во периодот од 1-3 април. Во 1/2-финалето на 1.април од 18-00 часот ќе играат екипите на Веспрем и Мешков, а од 20-30 часот ќе се игра дуелот помеѓу нашиот шампион Вардар и тимот предводен од Веселин Вујовиќ екипата на ППД Загреб. Според распоредот  2.април е слободен ден, а финалните натпревари се закажани за во недела на 3.април, од 16-30 часот се игра “малото финале“, а финалето ќе отпочне во   19-00 часот. Раководството на регионалната лига се одличи на завршниот турнир учество да земат најдобрите четири екипи по разигрувањето , а не со шест, како што се одигра лани финалниот турниор во Веспрем. Полуфиналните двојки се играат по принципот 1- 4 и 2-3.

За сите заинереситани кој сакаат да присуствуваат на овој Ф-4 завршен турнир информација за билети може да добијат -ТУКА