Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Денес во Франција избраничките на Симовски, младинските репрезенативки ќе одиграат меч од квалификацискиот турнир за С.П
Денес во Франција избраничките на Симовски, младинските репрезенативки ќе одиграат меч од квалификацискиот турнир за С.П

Денес во Франција избраничките на Симовски, младинските репрезенативки ќе одиграат меч од квалификацискиот турнир за С.П

Македонската женска младинска репрезентација У-20 вчера отпатува за Франција каде во периодот од петок до недела ќе настапи на квалификацискиот турнир за Светското Првенство 2016 година. Селекторот и тренер во нашиот млад тим реши од екипите на  ЖРК Вардар и  Вардар јуниор  да повика поголем број на девојки кој всушност се и  “костур“ на репрезентациијата на Македонија, тој  повика дури  11 девојки за  собир првиот собир пред поаѓањето.

Избраничките на селекторот Симовски имаа подготовките во Скопје во време траање од една седмица.Тие денес го отвораат турнирот со натпреварот против Израел, а во сабота и недела ќе се сретнат уште со селекцијата на Словенија и домаќинот на турнирот Франција. Од овој турнир само една најдобро пласирана младинска  селекција обезбедува учество на Светското Првенство за девојки до 20 години. Распоред за натпреварите на овој турнир во Франција е следен :

  • 18.03.2016 (14:30) Македонија – Израел
  • 19.03.2016 (14:30) Македонија – Словенија
  • 20.03.2016 (15:00)  Франција-Македонија