Младинците на фубалскиот клуб Вардар во недела ќе го одиграат второто пролетно коло во првенството. Црвено-црните ќе гостуваат во Прилеп на екипата на Победа. Мечот ќе започне во 14 :00 часот, на кој Вардарци се фаворити за освојување на трите бода. На првиот дуел одигран на теренот на локомотива, избраниците на Љупчо Марковски славеа со убедливи 3:0. После првиот пролетен триумф во дербито против Работнички, мотивот да се продолжи победничката серија е поголем. Еден од надежните голмани, кој имаше можност да биде дел од првиот тим на подготовките во Анталија, Филип Трајчевски очекува тежок натпревар, потенцирајќи дека неговиот тим ќе игра офанзивно уште од самиот почеток.
-Играме на гостински терен против многу борбена екипа, која знае добро да се брани. Сигурно дека противникот ќе чека некоја наша грешка за да изненади во контра-напад и да се закани кон нашиот гол. Ние ќе продолжиме да ја играме нашата игра, офанзивно уште од првата минута и без потценување на противникот. На домашен терен, на натпреварот одигран во есенскиот дел бевме доминантни во текот на целиот натпревар, но секој меч е ново докажување и нема да биде воопшто лесно на гостувањето во Прилеп, изјави Филип Трајчевски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски