Вчера вечерта во спортскиот ракометен центар Кале се одигра ракометен натпревар во женска кадетска конкуренција, помеѓу екипите на Вардар Јуниор и Кичево. На меч со многу голови, на крајот поуспешен беше гостинот кој славеше минимална победа со резултат 26:28.
Кичево одлично го започна овој дуел и веќе по првите пет минути имаше предност од 1:4. Сепак Вардарки успеваат во наредните минути со подобра игра да го израмнат резултатот на 4:4. Неколку наши грешки му овоможуваат на противникот повторно да има водство од 4:7. Како одминуваше првиот дел гледавме се повеќе израмнета игра на двете страни. Гостинките некако одржуваа позитива од два голови, за на пет минути пред крај да проследиме ново израмнување на натпреварот 12:12. Сепак Кичево беше тимот кој на полувреме замина со минимално водство од 15:16.
Второто полувреме исто така донесе многу неизвесност, на крај подобро се снајде противничката екипа. Кичево постојано беше во предност и во вториот дел која се движеше од 1-2 голови. Црвено-црните во ниту еден момент не се предаваа и успешно им парираа на повозрасните девојки од Кичево. Ново израмнување на резултатот од 19:19. Решавачкиот чекор гостинот го направи кога повторно ги врати оние најголеми три гола позитива 22:25. До крајот се одржуваше оваа предност, иако Вардарки се доближија на 26:27, но последниот погодок му припадна на Кичево, за конечен резултат од 26:28.
Ивана Блажевска го одигра својот можеби најдобар меч постигнувајќи 14 голови, додека Ивона Трпевска додаде 8. Тоа беа единствените расположени играчи во нашиот состав.
РК Вардар Јуниор: Станишиќ, Наумовска, Милошевска, Ѓорчевска, Ѓорѓиева, Буразер, Атанасова, Алексовска, Митровска 2, Трпевска 8, Ничовска 1, Ќириќ, Бабунска, Величковска 1, Блажевска 14.