Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Започна продажбата на карти за реванш натпреварот со Висла Плоцк
Започна продажбата на карти за реванш натпреварот со Висла Плоцк

Започна продажбата на карти за реванш натпреварот со Висла Плоцк

Денес започна регуларната продажба на билети за реванш натпреварот од осминафиналето со екипата на Висла Плоцк. Овој меч ќе биде одигран на 26-ти март во спортскиот центар Јане Сандански, со почеток од 18:00 часот. На првиот натпревар одигран во Полска, резултатот беше нерешен 30:30. Црвено-црните имаат одлична шанса пред својата публика со триумф да го потврдат пласманот во осум најдобри екипи во Европа.

Цените за овој натпревар ќе бидат:

- Стоење 180 МКД
– Блок А1/Б1 – 300 МКД
– Зад гол 300 МКД
– Централни трибини – 400 МКД
– ВИП Зони – 600 МКД
– ВИП Соби – 1200 МКД.

Дополнителни информации за продажбата на билети можете да добиете на телефонскиот број + 389(2) 2 40 19 80, како и на info@ticketplus.mk.