Утре ФК Вардар игра нов натпревар во рамките на првата македонска фудбалска лига. Своите домашни мечеви, црвено-црните ќе ги играат на стадинот “Борис Трајковски“ во Маџари, а следен противник е екипата на Ренова. После нерешениот резултат против Скопје, Вардар по секоја цена мора да оди на триумф и освојување на три бодови од овој дуел. Во пресрет на овој меч, своите очекувања за официјалната страна на клубот ги даде Никола Глигоров.
-Два натпревари по ред во кусо време сме без победа. Ако поразот против Зенит не делуваше толку изненадувачки, иако истиот беше превисок, тогаш во дуелот против Скопје не планиравме и не очекувавме да освоиме само бод. Очекувавме и посакувавме три бода, но не успеавме да дојдеме до нив. Не секогаш се остварува планираното. Што е тука е, мораме да го заборавиме тој натпревар бидејќи имаме веќе нов натпревар утре кој е нова шанса за победа, за бодови. Играме на стадионот во Маџари. Условите не се како на Националната Арена, меѓутоа каде и да играме, мораме на секој натпревар да одиме на победа. Го респектираме тимот на Ренова, но сметам дека сме поквалитетни, и одиме да го добиеме овој натпревар.
Поради црвениот картон на мечот со Скопје, за утрешниот натпревар тренерот Јаневски не може да смета на услугите на капитенот Грнчаров, како и повредените Брдаровски, Новак и Итало.
-Ние на секој меч одиме на победа, и така ќе треба да се однесуваме, затоа што само така ќе стигнеме до нашата цел. Ќе ни недостасуваат неколку играчи како Грнчаров кој има црвен картон, потоа Брдаровски и Новак кои се повредени. Меѓутоа верувам дека оние кои ќе добијат шансата ќе дадат максимум и ќе дојдеме до победа“, изјави Глигоров пред утрешниот меч со Ренова.