Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тоскиќ: Многу ми е жал што не бев дел од Вардар минатата сезона кога освоија ЛШ, но животот е таков
Тоскиќ: Многу ми е жал што не бев дел од Вардар минатата сезона кога освоија ЛШ, но животот е таков

Тоскиќ: Многу ми е жал што не бев дел од Вардар минатата сезона кога освоија ЛШ, но животот е таков

Сите го паметиме Алем Тоскиќ, големиот борец кој оставаше срце на терен во дресот на Вардар. Беше три сезони дел од клубот и беше еден од најдобрите играчи, кој играше константно во напад и во одбраната. Дојде во Вардар, кога сопственик на клубот стана Сергеј Самсоненко, три години во кои ги освои симпатиите на Вардаровите играчи по неговата борбеност. Поради приватни причини пред две години мораше да го напушти Вардар и да се врати во Словенија, каде потпиша минатата сезона за екипата на Горење Велење, клуб во кој игра и во новата натпреварувачка сезона. Во интервју за Балкан-хандбал, Тоскиќ говори за учеството на Горење во ЛШ, но и за времето кога играше во Вардар, истакнувајќи дека жали пто минатата сезона не бил дел од црвено-црните кога успеаа да ја освојат Европската титула.

-Уште на почетокот кажав дека се враќам во Словенија од приватни причини. Едноставно мораше така да се случи, а Вардар е европски шампион и можам само да им честитам од се срце. Малку ми жал што не бев дел од клубот минатата сезона кога освоија, но животот е таков можеше да се случи и година пред тоа. Сите коцки им се поклопија, одлично играа минатата сезона и заслужено ја освоија лигата на шампионите. Постојано сум во контакт со момците и Раул Гонзалес, можеше да биде и пред тоа, но секоја чест Вардар заслужи, тоа е клуб каде многу се вложува и на крајот се исплатеше.