Една од ракометните школи кои се дел од Академијата на ракометниот клуб Вардар, школата од Кичево- Р.К Кале – Вардар Кичево беше домаќин на ревиален меѓународен ракометен турнир „КИЧЕВО 2017“. На овој турнир беа присутни екипите на Лублин од истоимениот град во женска конкуренција во ГЕНЕР. 2004 – 05 , и Пшеворск во машка конкуренција кај ГЕНЕР. 2000-2003. Покрај тоа учесници имаше од нашата земја, од Македонија. Учесник беше селекцијата на Академја Вардар 2004-05 и тимот на РК Филип Вардар во машка конкуренција кај ГЕНЕР.2000-03. Учество од домаќините земаа машката и женската екипа на Р.К Кале – Вардар Кичево.
Турнирот се одржа на 8ми и на 9ти септември- по повод ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА Р.МАКЕДОНИЈА. Се играше со по три екипи во машка и женска конкуренција по принципот секој со секого. Во оваа рана фаза од сезоната 2017/2018 се одиграа многу квалитетни натпревари, на моменти возбудливи и неизвесни до самиот нивни крај. Сите екипи демострираа фер и корекна игра, судиите исто така беа на висина на својата задача, за што тимот на Р.К Кале – Вардар Кичево е многу благодарен. Дефинитивно домаќинот покажа дека може да организира ваков сериозен настан беспрекорно. Во информацијата за турнирот од страна на Р.К Кале – Вардар Кичево доставена до Вардар фанс се вели: