Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Глигоров: Вардар е клубот на мојот живот, ова е клубот кој што ми даде се во кариерата
Глигоров: Вардар е клубот на мојот живот, ова е клубот кој што ми даде се во кариерата

Глигоров: Вардар е клубот на мојот живот, ова е клубот кој што ми даде се во кариерата

Натпреварот против Силекс беше посебен за Никола Глигоров, кој го одигра својот 200-ти меч за екипата на Вардар. Глигоров е дете на Вардар, кој во три наврати го облекува црвено-црниот дрес. Глигоров е важен дел од играта на Вардар, клуб во кој и најверојатно ќе ја заврши својата долга играчка кариера. По повод јубилејот во дресот на Вардар, заменик капитенот, Глигоров го изјави следново:

-Голема чест е да се биде во Вардар, а уште поголема чест е да се играат 200 натпревари за клубот кој што за мене претставува сè. Се надевам дека ќе продолжам понатаму со настапи, се разбира во рамките на моите можности. Чувството е прекрасно. Ова е клубот на мојот живот, ова е клубот кој што ми даде се во кариерата. Сакам да се заблагодарам на моите сегашни и поранешни играчи, како и тренери, без кои овој 200-ти настап немаше да се случи“, вели Глигоров.

vardarfans-gligorov

Својот јубилеј, Глигоров успеа да го круниса со погодок во дуелот со Силекс откако успеа да погоди за водство од 3:0 за својот тим.

-Драго ми е што на овој мој јубилеј најпрво успеавме да победиме, а потоа ми е драго за голот. И сето тоа доаѓа пред историскиот натпревар со Зенит, кога за прв пат ќе играме во групна фаза од европско натпреварување. Ја имав таа среќа во оваа година да прославам јубилеј, и клубот да испише историја, односно да игра во групна фаза од Лигата на Европа, нешто за кое многу генерации сонуваа. Во секој случај чувството е пракрасно и јас се надевам дека ќе продолжиме да ја пишуваме оваа историја со добри резултати во групната фаза, и да освоиме што е можно повеќе бодови, рече Глигоров.