Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: До сега мислевме на мечот со Силекс кој го решивме во своја корист, а за настапите во Европа ќе се подготвуваме веќе од утре
Јаневски: До сега мислевме на мечот со Силекс кој го решивме во своја корист, а за настапите во Европа ќе се подготвуваме веќе од утре

Јаневски: До сега мислевме на мечот со Силекс кој го решивме во своја корист, а за настапите во Европа ќе се подготвуваме веќе од утре

Вардар стигна до втората победа во првата Македонска фудбалска лига, откако попладнево на арената “Филип Втори“ ја совладаа екипата на Силекс со резултат од 3:1. На овој меч настапивме со комбиниран состав, со оглед дка во четврток не очекува тежок натпревар против екипата на Зенит, во рамките на првото коло од групната фаза на ЛЕ. Триумфот против Силекс беше воедно и петти за новиот стратег Чеде Јаневски, откако е на клупата на нашиот фудбалски шампион. После натпреварот со Силекс за официјалната страна на клубот, шефот на стручниот штаб го изјави следново:

-Сакам да им честитам на фудбалерите за победата против тим кој што имаше одличен старт на сезоната. Денеска имавме ротиран тим кој што играше заедно само на тој натпревар со Локомотива, и тоа треба да се земе во предвид. Знам дека и покрај победата, има простор за напредок. После 3:0, наместо да продолжиме со нашата „пас“ игра, имавме неколку, така да кажам, тешки додавања и непотребни удари кон противничкиот гол. Се разбира и резултатот го наложува тоа, но ќе работиме да ги отстраниме тие грешки, и затоа реков дека има простор за напредок.

Јаневски потенцираше дека екипата игра на три фронта и затоа треба да се распоредуваат силите на секој натпревар.

-Не верувам дека играчите мислеа повеќе на Зенит, туку беа фокусирани само на овој натпревар. Сега ни следува тежок период. Затоа ние со стручниот штаб ќе работиме и ќе ротираме за да на некој начин ги распоредиме силите на играчите затоа што играме на три фронта, и плус секој месец даваме и многу репрезентативци. До сега мислевме на овој натпревар, го решивме во своја корист, а за настапите во Европа ќе се подготвуваме веќе од утре.