Денес е денот “Д“ кој го чекаме од минатата сезона кога бевме исфрлени во 2.квалификациско коло од хрватски Динамо Загреб. Денес е нова европска шанса за да направиме нешто плус и да минеме конечно коло во Европа.
Вардар во 19-00 часот, гостува во првиот напреварот од двомечот со шведскиот шампион Малме. Вардаровите навивачи и црвено-црната јавност очекува конечен исчекор напред…ЕВРОПСКО ЧУДО… Зад нас се епизодите со АПОЕЛ, Бате, Динамо Загреб и Стеауа кога освен со последниот противник со сите други бевме на чекор од чудо, но неуспевавме. Се надеваме дека вечер и една недела потоа конечно ќе се радуваме на минување едно коло понатака. Самото тоа во старт гарантира најмалку уште четири европски дуели за кој скопската и македонската вардарова публика е желна, бидејќи одамна домашниот шампионат и титулите во истиот не носат посебна радост, нас ни треба Европска одисеја..