Фудбалерите на нашиот Вардар денеска претпладнето го минаа на релаксациска прошетка по улиците на Малме. Оваа прошетка е за да се подобри тимскиот дух пред вечерашниот дуел од 19-00 часот со шведскиот шампион, Малме на “Сведбанк“ арената“.
Доскорашниот фудбалер на Вардар Влатко Грозданоски дојде во Малме, ги посети нашите играчи и им даде поддршка пред вечерашниот натпревар. Тој ќе биде на трибините на “Сведбанк” стадионот. Поддршката е секогаш добродојдена.