Одличен ден за вардаровата генерација 2006. Денеска момчињата забележаа две победи со кои обезбедија пласман во полуфиналето на турнирот во Приморско.
Денеска напладне како што ве информиравме и на нашиот сајт, го совладавме тимот на Дит Софија со 2:1. Стрелец на двата погодоци на овој дуел беше Голубов Давид. Попладнево момчињата на Арсовски забележаа нова победа, овој пат против Ропотамо Приморско со 3:1. Головите за Вардар ги постигнаа Галевски, Голубов и Николовски.
Со овие две победи и дефинитивно е обезбеден пласман во 1/2 финалето. Утре ќе одиграме уште еден натпревар во групната фаза, овој пат против тимот на Аполон Крагујевац.