Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Голем успех за генерација “2005“ на тренерот Кралевски, со нови две победи денес на завршниот турнир “Балканика куп“
Голем успех за генерација “2005“ на тренерот Кралевски, со нови две победи денес на завршниот турнир “Балканика куп“

Голем успех за генерација “2005“ на тренерот Кралевски, со нови две победи денес на завршниот турнир “Балканика куп“

Голем успех за Вардаровата генерација родени “2005“ година на турнирот во Сандански (Бугарија). После победата против Локомотив Пловдив избраниците на Игор Кралевски стигнаа до уште една нова победа на турнирот. Во борба за петтото место тие ја победија екипата на Беласица од Петрич. Конечниот резултат гласеше 3:1.

Нов одличен натпревар за нашите млади надежи кои во текот на сите 50 минути го надиграа противникот. По првото полувреме имавме водство со 1:0 со голот на Ѓорѓи Дошев. Во вториот дел екипата од Бугарија успеа да псотигне почесен гол и да го израмни резултатот, но тоа беше се што сторија на овој натпревар. Примениот гол воопшто не го обезхрабри нашите момчиња, кои продолжија со атак кон противничкиот гол. Таквата офанзивна игра донесе резултат. Најпрво стоперот Давор Серафимов донесе предност на црвено-црните од 2:1, за со својот втор гол на овој натпревар Ѓорѓи Дошев да ја потврди победата на овој дуел.

Така со триумф го заокруживме учеството на турнирот “Балканика куп“. На овој силен турнир забележавме три победи и само еден минимален пораз и тоа во првото коло. Заради послаба гол разлика, односно само за еден погодок не успеавме да играме во полуфиналето. Тренерот Кралевски е задоволен од залагањето на неговите играчи и претставувањето на клубот на овој турнир. Честитки и од нашата редакција за настапот на на Вардарци на турнирот во Сандански. Петто место од вкупно 12 екипи од кои сите беа д Бугарија е голем успех за нашите момчиња.