После вчерашните победи против екипите на Звезда Мокрин и Младост ТСК, денес пионерите на РК Вардар стигнаа до нова победа на турнирот во Зрењанин.
Денешен противник ни беше екипата на Смедерово која ја совладавме со резултат 21:14. Од самиот старт имавме водство од 4 голови разлика, кое го одржувавме до крајот на првото полувреме, кога на одмор се замина со резултат 10:7. Одлична игра и во второто полувреме за нашите млади надежи кои покажаа дека се поквалитетна екипа од противникот. До крајот предноста само растеше за на крај да биде изразена со седум голови и конечен резултат од 21:14. На тој начин избраниците на Андријана Будимир обезбедија четвртфинале на турнирот како првопласирана екипа во групата. Пречка за полуфиналето ќе ни биде уште една екипа од Србија и тоа Црвена Ѕвезда. Мечот вечерва се игра од 19:20 часот.
Нашите пионери знаат како е да се игра на овој турнир, со оглед дека минатата година на неговото прво издание стигнаа до второто место. Се надеваме дека добрата игра ќе продолжи и на вечерашниот натпревар и дека ќе обезбедиме полуфинале.