Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар се “остри“ за Загреб кој е наш голем должник, победа не носи на првото место во групата
Вардар се “остри“ за Загреб кој е наш голем должник, победа не носи на првото место во групата

Вардар се “остри“ за Загреб кој е наш голем должник, победа не носи на првото место во групата

Продолжуваат возбудувања во машката лига на шампиони. Денес екипата на Вардар ќе го одигра првиот натпревар во новата година во најголемото ракометно натпреварување. Во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 17:30 часот ќе ни гостува екипата на ППД Загреб.

Хрватите се големи должници на црвено-црните, затоа денес мотивот да се победи шампионот на Хрватска е многу поголем. Денешниот противник успеа да ни го нанесе првиот пораз во ЛШ, откако во рамките на петтото коло во нивната арена издвојуваа минимална победа (28:27). Прв и единтвен пораз во регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лигата, нашиот шампион доживеа токму од екипата на Загреб (28:26). Уште поголем мотив е дека денес триумф ни носи прво место во најсилната група Б. Многу причини денес да гледаме атрактивен и добар ракомет. Изненадувачки во составот денес го нема Вуко Борозан, додека во екипата се враќа Лука Циндриќ за кој денешниот натпревар ќе биде прв во новата година. Во редовите  на Загреб ќе недостасуваат Лука Шебетиќ, Дарко Цингесар и Ловро Јотиќ. Квалитетот е на страната на Вардар, а домашниот терен е дополнителен мотив да издвојуваме победа. Поразите на Пик Сегед и Киелце во ова коло ни одат во прилог, бидејќи со два бода денес Вардар може да избие на првото место, со ист број на освоени бодови со екипата на Киелце, но црвено-црните имаат подобра гол разлика.

Очекуваме денес и полна сала, навивачката група Комити најавуваат масовна пристуност на денешниот натпревар. Поддршката е повеќе од потребна во моменти кога на Вардар оваа победа му е многу значајна. Се надеваме на добро издание на избраниците на Гонзалес кои со триумф би ги зголемиле шансите за освојување на првото место на крајот од групната фаза, кое не носи директно во четвртфиналето.