Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на Вардар поразени во дуелот со Војводина на турнирот во Зрењанин
Младинците на Вардар поразени во дуелот со Војводина на турнирот во Зрењанин

Младинците на Вардар поразени во дуелот со Војводина на турнирот во Зрењанин

Младинците на ракометниот клуб Вардар утрово го одиграа и третиот натпревар во групната фаза, на турнирот во Зрењанин. После двете победи против екипата на Колубара и Јуниор, Вардар денес загубија против екипата на Војводина.

Имавме одличен старт на мечот каде имавме водство од 2:0 и 3:1, но потоа како да застанаа нашите младинци. Војводина за кратко успева да израмни на 3:3, по што следи период од седум минути каде двете екипи не успеваат да го пронајдат патот кон голот. Во тие моменти одличен на нашиот гол беше Марко Кизиќ кој спречи водство на противникот во овој дел од натпреварот. Вардар повторно го враќа водството на 4:3, но до крајот на првото полувреме, противникто успева да го израмни резултатот на 4:4.

Во второто полувреме екипата на Војводина успева да псотигне четири последователни напади за највисоки 4:8, додека нашиот состав сеуште не можеше да ги консолидира своите редови. Многу грешки во нападот се одразија на малиот број постигнати голови. Војводина го одржуваше ова водство пред крајот имаше и 7:11, но Вардар успеа да го ублажи поразот со конечен резултат 9:11. И покрај поразот нашите младинци се пласираа во четвртфиналето на турнирот во Зрењанин.