По неуспешната сезона, Управата на ФК Вардар направи голема ,,чистка” во својата екипата, па така голем дел од фудбалерите кои играа за тимот минатата сезона, повеќе не се дел од ФК Вардар и ќе играат во нови клубови во новата сезона.
,,Фудбалскиот клуб Вардар објавува дека со играчите Дарко Стојанов, Филип Петковски, Дарко Гроздановски, Ване Јованов, Иван Мицевски, Кристијан Костовски, Оливер Пеев, Никола Наумоски, Филип Илиќ и Трајче Стојковски е завршена соработката и тие нема да бидат дел од екипата во наредната сезона. На сите играчи поединечно им се заблагодаруваме за професионалноста и посветеноста играјќи за клубот и бранејќи ги нашите бои и им посакуваме многу среќа и успех во нивните понатамошни кариери” , се вели во соопштението на ФК Вардар.
Вардар во новата сезона мора да обезбеди прволигашки статус.