ФК Вардар го ,,крои” играчкиот ростер за новата натпреварувачка сезона, па така веќе неколку играчи се во подрага по нови клубови, откако управата на Вардар на чело со тренерот Грнчаров им се заблагодарија за придонесот во Вардар изминатиов период.
Имено, стоперот Дарко Стојанов, потоа Ване Јованов и напаѓачот Дарко Грозданоски повеќе не се дел од тимот на Вардар и се во потрага по нови клубови.
Од друга страна, Вардар во летниот преоден рок го донесе Симеон Христов, кој минатата сезона ја заврши во дресот на Работнички, а се преговара и со уште низа на играчи да го засила тимот.
Вардар во новата сезона ќе ,,брка” враќање во Првата лига, па се освен тоа ќе биде голема катастрофа.