Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се враќа од Боговиње со многу важни три бода
Вардар се враќа од Боговиње со многу важни три бода

Вардар се враќа од Боговиње со многу важни три бода

Вардар се враќа од Боговиње со многу важни три бода, откако попладнево го совлада тимот на Беса 1976 со резултат 0:1. Голот вреден три бода го постигна Петковски по одлична асистенција на Блажевски.

Што да се напише за првото полувреме денес во Боговиње. Единствен начин да се дојдеше до шанса беше прекин и уфрлање внатре во шеснаесетникот. Вардарци имаа две шанси токму од прекин, при корнери на Блажевски и Глишиќ и еден удар во рамките на голот на Блажевски од слободен удар и тоа беше се. Домаќинот имаше една добра шанса исто така од прекин, но за среќа на Илиќ еден противнички играч остана кус и пропадна таа шанса.

Во вториот дел Вардар заигра доста подобар фудбал со повеќе шанси за гол. Николов имаше добра шанса и биеше од 15-сетина метри, но лошо и млако без проблеми за голманот на домаќините. Потоа Блажевски упати добар корнер, но и овој пат изостана подобра завршница. Голот вреден ,,злато” го постигна Петковски во 78.минута од дуелот. Блажевски со супер асистенција, а Петковски со глава биеше во манир на вистински голгетер за 0:1. До крајот на дуелот Вардар ја задржа предноста и славеше многу значајна победа, втора во низа.