Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > “Репете“ повторно за Шкендија, Вардар ја исфрли на пенали од Купот и си обезбеди место во 1/2 финалето, голманот Велковски Мето е херојот на пионерите денес
“Репете“ повторно за Шкендија, Вардар ја исфрли на пенали од Купот и си обезбеди место во 1/2 финалето, голманот Велковски Мето е херојот  на пионерите денес

“Репете“ повторно за Шкендија, Вардар ја исфрли на пенали од Купот и си обезбеди место во 1/2 финалето, голманот Велковски Мето е херојот на пионерите денес

Денес на теренот на Академијата на фудбалскиот клуб Вардар во градски парк се одигра реванш натпреварот од четвртфиналето во купот на Македонија, помеѓу пионерите на Вардар и Шкендија. На овој дуел кој беше тежок за одигрување поради обилниот дожд триумф и пласман во полуфиналето од купот обезбеди после изведувањето на пенали Вардар. Мечот заврши во регуларниот дел 1-1, исто како и на првиот дуел во Тетово. Нашиот тим со овие играчи го почна мечот: Денковски, Спасиќ, Антовски, Ѓорѓиески, Стојчески, Калчиноски, Адем, Стојаноски, Бериша, Битиќи, Пешевски.

pi2

Вардарци уште од првата минута почнаа офанзивно кон голот на противникот, без оглед што имаа активен резултат (1:1) од првиот меч во Тетово. Првите прилики и закани кон противничкиот гол ги имаа Саит Битиќи и Јакуп Бериша и двајцата биеа со глава, но ништо опасно за да се отвори резултатот. Шкендија како да се ослободи од почетниот притисок и започна да игра нешто подобро. Следуваше и првиот удар кон нашиот гол и тоа од прекин. Али Адем беше новиот играч од нашиот состав кој упати удар над голот. Се играше 20 минута од мечот кога капитенот на овој натпревар Јакуп Бериша доби употреблива топка од Битиќи, Јакуп присебен ја смири топката и од непосредна близина погодува за голема радост на Вардар и отварање на резултатот на 1:0. На овој меч довербата на голот на Вардар ја доби Давид Денковски кој во првиот дел спречи неколку опасни топки на Шкедндија. Најпрво се обидуваат со удар од игра од голема далечина, топката завршува во рацете на Денковски. Следи многу поопасна прилика за екипата од Тетово, кога од слободен удар од некаде 25 метри, еден од играчите на Шкендија упатува удар во долниот десен агол од нашиот гол, но Денковски со бравурозна реакција спречува израмнување на резултатот. До крајот на првиот дел без посериозни прилики и на полувреме се замина со предност на Вардар од 1:0.

pi

На стартот на вториот дел замена во нашиот состав и тоа на голманската позиција. Поради повреда теренот го напушти Денковски, а на негово место влезе репрезентативниот чувар, Методија Велковски. Силно темпо на игра и на стартот на второто полувреме, Антовски се најде во шанса за погодок, но ништо посериозно за промена на резултатот. Сепак Шкендија успева да постигне гол и да го израмни резултатот на 1:1. Правиме грешка на средината од теренот, тоа го искористува противникот кој прави брза акција, еден од играчите на Шкендија бие прецизно во долниот десен агол за израмнување.Прва измена во нашиот состав, на местото на Стојановски во игра влезе Дардлишта. Во продолжение од мечот во два наврати се обиде Саит Битиќи. Најпрво бие со нога, за голманот на Шкендија да го одбрани ударот, додека во следниот обид со глава бие покрај голот на Шкендија. Удар упати и екипата на Шкединија, но на место е голманот Велковски. Црвено-црните не успеваат да искористат една мешаница во противничкиот простор, се создаде полуприлика за Пешевски но овој не се снајде најдобро. Голема шанса имаше Вардар да поведе преку капитенот Бериша кој бие со глава за малку покрај противничкиот гол. Нов обид за Виктор Пешевски со глава но слаб удар кој без проблеми го брани противничкиот голман. По крајот на мечот се пристапи веднаш кон шутирање на пенали за одредување на патникот во понатамошниот дел од Купот.

Шкендија погоди во првите две  серии, ние вративме преку Ѓорѓиески и Калчиновски за 2-2 по четири изведени удари. Во третата серија Мето Велковски одбрани даве прилики за водство на гостинот, истата ја користи Стојчески со гол за 3-2. Дојде и пресудната за нас четврта серија. Херој е Велковски Методија, нашиот голман брани повторно, тоа го користи Бериша кој погодува за 4-2 и голема радост на бранителот на Купот. Велковски кој влезе во вториот дел дефинитивно е херојот на мечот попладнево, секако и сите други момци. Шкендија доби уште едно “репете„.

pi4