Главниот натпревар овој викенд ќе биде во Скопје. В сабота гостува бранителот на титулата во ЛШ, екипата на Кјелце. Вардар и Кјелце добро се познаваат. Последните неколку години имаат одиграно многу натпревари и тоа со доста голема неизвеснот.
Како и што се очекуваше, Кјелце во Скопје нема да биде сам. Повеќе од 50-сетина навивачи од Полска треба да пристигнат во Скопје и да му дадат поддршка на својот тим. Низ минатите гостувања навивачите на Кјелце знаат каков е амбиентот во Скопје, па сигурно претпоставуваат дека и нема многу да имаат значајна улога на овој меч кога е во прашање навивањето.