Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки и натаму со најдобар напад во Л.Ш
Вардарки и натаму со најдобар напад во Л.Ш

Вардарки и натаму со најдобар напад во Л.Ш

Веќе зад нас се четири рунди од женската Лига на шампиони. По четири одиграни рунди, само Будуќност и Ѓер имаат максимален ефект, односно четири победи од исто толку натпревари. Во групата Б, во која се наоѓа нашиот ЖРК Вардар сеуште две екипи се без пораз. Во сабота Вардарки ги очекува натпревар во Унгарија кој значи победа и со сигурност прво место во нашата група и пренесување на важни бодови во наредната група.

Вардарки и по четвртото одиграно коло се далеку натпревар како најуспешна екипа според реализацијата. Нашите девојки досега имаат дадено дури 138 погодоци, што ги прави далеку најопасна напаѓачка екипа. Втор на оваа листа е Ѓер со 119 постигнати голови.