Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Судии од Данска ќе го судат мечот за врвот помеѓу ФТЦ Будимпешта и Вардар
Судии од Данска ќе го судат мечот за врвот помеѓу ФТЦ Будимпешта и Вардар

Судии од Данска ќе го судат мечот за врвот помеѓу ФТЦ Будимпешта и Вардар

Изминатото коло дебитираше на клупата на женскиот тим Вардар новиот предводник Камара, тој и девојките лесно остварија триумф во “Јане Сандански“ нас руската екипа Астраханочка. По тоа коло екипата на   Вардар која заедно со ФТЦ Будимпешта забележаа нови победи и со тоа го држат врвот на табелата во оваа прва групна фаза. Двата тима имаат по седум бода.

Токму следниот меч наш во гости е дербито во групата кога гостуваме кај ФТЦ Будимпешта, во дуел кој ќе го даде лидерот на табелата во групата. Мечот ќе се игра во недела, на 13-ти ноември со почеток во 15-00 часот. Европската куќа на ракометот за овој меч делегираше судиска двојка од Данска. Делители на правдата ќе бидат Карина Чристесен и Лин Хансен. На мечот ЕХФ-делегат ќе биде Хогснес Бјорн кој доаѓа од Норвешка.